CSLU-Prilep

Центар за современа ликовна уметност – Прилеп

CSLU

zaCSLU

 

Главни виновници за нашето денешно постоење се Проф. Д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар Проф. Ристо Лозановски и нивната идеја и желба да се внесе ликовната уметност во средината во која живееме. Идејата се раѓа есента 1956 година, за да конечно се реализира 1957 година, со формирањето на Центарот за современа ликовна уметност и во негови рамки првата ликовна манифестација во Прилеп, сега веќе една од најстарите ликовни колонии на Балканот и во Југоисточна Европа, се развива со текот на годините за да на крај се претвори во угледна општествена организација во земјава и надвор од неа.
Колекциите на ЦСЛУ во Прилеп, овозможуваат избор на најразновидни експозиции од одбласта на сликарските и вајарските дисциплини.Творците од различни ликовни средини од земјава , Европа и другите континенти, во текот на годините за време на летните сеанси создаваат творби со кои ја збогатуваат ликовната уметност и ризницата во Прилеп. Покрај творењето за нас важна е и комуникацијата и дружењето на ликовните творци од различни културни средини и од наша страна пријателскиот однос кон  уметниците и презентацијата на  богатствата на Р.Македонија по кои ќе не паметат.
Ова ни дава за право да кажеме дека ликовните атељеа во овој извонреден творечки амбиент, овозможуваат експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност , придонесувајќи за тамошниот нејзин развој. Творбите од оваа ризница секогаш предизвикуваат голем интерес во јавноста.
Во текот на нашето постоење се стремиме кон зголемување на консументите на културниот производ, како и регрутирање на нови консументи меѓу младата популација, и се залагаме за целосна заштита на културните објекти.