CSLU-Prilep

Центар за современа ликовна уметност – Прилеп

Рекоа за нас

rekoa-za-nas

 

– Симпозиумот е доста организиран. Атмосферата беше пријателска и имавме многу слобода во работата и во поглед на изборот на мермер. На овој симпозиум добив нови искуства кои што ќе ги пренесам кај моите колеги.
Џејм Ричи, скулптор, Шкотска

– Ова место делуваше врз нас имресивно, пријатно е да се работи во симпозиумот и со сигурност можам да кажам дека е еден од најдобрите во Европа.
Дејвид Мур, скулптор, Шкотска

– Големо задоволство и чест ми е да учествувам на најстарата колонија на Балканот. Прилеп заслужува да има ваква манифестација и да стане ликовен центар на земјава.
Кирил Ефремов, сликар од Штип, Македонија

– За мене Прилеп е „бисер на Македонија“ , колонијата е богатство, со неа се зближуваат другите народи и култури.
Беди Ибрахим, скулптор од Скопје, Македонија

– Овде постои еден вид творечки занес.
Касиопеја Наумовска, сликар од Скопје, Македонија

– Колонијата дава добри услови за работа, дружење и за посветување доволно внимание на инспирацијата.
Михаил Милуновиќ, сликар, Србија

-Во музиката учеството на фестивалот „Сан Ремо“ е престиж, во ликовната дејност тоа е Прилепската колонија.
  Предраг Јаневски, скулптор, Скопје, Македонија